Категории

За сите оние кои сакаат премногу и се секогаш тука за другите

Кога си личност која е секогаш тука за другите – ти чувствуваш премногу.
Ти имаш длабочини во тебе, срце кое е како океан, и понекогаш „паѓаш“ на луѓе кои се премногу исплашени за да пливаат. Даваш, даваш и даваш. Никогаш не знаеш кога е доста, кога треба да престанеш да се изливаш себеси во тие кои ги сакаш.

И тогаш почнуваш да чувствуваш болка, нешто полека се празни во твоите гради. Тоа се мигови кои се прашуваш дали некој некогаш ќе ти даде љубов во иста количина како што ти си подготвена да им даваш на другите, моемнти кога се прашуваш дали ќе дојде миг кога некој ќе те праша како се справуваш, дали си добро, како зацелуваш.

Понекогаш на личноста која е секогаш тука за другите му е потребен некого кој исто така ќе ја држи за дланка која се околу неа ќе се руши. Понекогаш онаа личност која се смее најсилно, страда најмногу.
Понекогаш личноста која ги охрабрува другите околу неа и им кажува колку се важни, исто така треба да биде охрабрена, понекогаш треба да биде држена цврсто без оглед на тоа колку храбро изгледа однадвор, без оглед на тоа колку силно блеска.

Ако ти си личност која е секогаш тука за другите, знај дека твоето срце е ретко. Знај дека во тебе постои сила која може да ја смирува бурата во другите. Знај дека им даваш надеж на луѓето, дека ги инспирираш да ги откријат нештата кои ги занемаруваат во себе, да ги ценат и засакаат. Ти правиш другите да се чувствуваат сакани, да чувствуваат дека имаат цел во животот.

Исто така немој да заборавиш да се потсетиш себеси дека ти не си невидлива. Твоето срце треба да одмори. Тебе ти е потребен одмор. Потсети се себеси дека не мораш да ја носиш тежината на светот на своите рамена, дека не можеш да ги спасиш сите.
Дека мораш да мислиш и на себеси, дека заслужуваш љубов онаква каква што им даваш на другите. Потсети се себеси дека не мораш секогаш да бидеш најсилната личност, не мораш секогаш да ги поправаш другите.
Потсети се себеси дека мораш да бидеш човек, и да побараш прошка, дека не мораш секогаш ти да бидеш таа која ќе те спаси самата тебе.

Прегледи:
229
Објавено на:
04.11.2020