„За тебе“ – низ стиховите на Митко Гогов

Оргинални и неповторливи, бунтовни и нескотливи и ден денес одѕвонуваат во бучавата на светот.’ – тоа се стиховите на Гогов

Многумина имале многу што да кажат за творештвото на Митко Гогов, но денес оставаме неговите стихови да говорат погласно од било кој впечаток кој би оставен некогаш. „За тебее една од творбите во вториот циклус „Лузни од пердуви“ од поетската објава „Ледена вода“. Уживајте.

За тебе 

 

Во капката солза 

што потече низ твоето лице

видов водопади емоции

испратени кон целта.

 

Во соленилото на твоите усни

сетив бисер

созреан за соочување 

со мудроста на белилото.

 

Денот кога ќе знаеш да искалемиш

живот,

веќе го живееш.

 

Со мене како фенер,

за мене како сонце,

до мене како оган,

во тебе како вулкан.

 




Коментари

[fbcomments]