За Велигден православните ќе имаат 4 слободни дена

За Велигден оваа година ќе бидат поврзани 4 неработни денови за православните верници.

Неработен ќе  биде 29 Април (петок) Велики Петок, петок пред Велигден и 1 Мај (недела) Ден на трудот – Понеделник ќе биде неработен ден.

Тоа значи дека од 29 април, па се до 02 мај, односно петок, сабота, недела и понеделник ќе бидат слободни денови за сите православни верници.

Иако прогнозите треба да се земат со резерва бидејќи до велигденскиот празник има уште повеќе од 2 недели, сепак, метеоролозите најавуваат главно облачно време.

 




Коментари

коментари