За вербата во Бог – неговото тело и крв во лебот и виното

Мудра приказна за сите верници 

Некој човек дошол кај еден монах и му рекол:
„Како можам да верувам дека од обичен леб и вино настануваат Исусовото тело, крвта и телото?“
Монахот му одговорил: „Ако твоето тело кое се храни со лебот и виното тоа го претвора во месо и крв, зошто тоа исто што за тебе е возможно не е возможно и за Бог, кој како твој спасител е многу помоќен од твоето тело?“

„Но, добро“, рекол човекот, „а како може во толку мала хостија да биде присутен Исус Христос?“
Монахот му одговорил: „Пејсажот кој е пред тебе, го гледаш ли?“
„Го гледам“, потврдил човекот.
„Ете.. И реката и долината, и ридот и стеблата се пред тебе, сето тоа е толку големо, а твоето око е толку мало. Па сепак сето тоа успева да се собере во твоето око.“

„Би сакал да знам уште нешто: Како може Исус да биде истовремено присутен во сите хостии овде и ширум светот?“
Монахот земал едно огледало и му го дал на човекот за да се погледне: „Колку личности гледаш?“ – го прашал.
„Само една, себеси!“, одговорил човекот.

Тогаш монахот го спуштил огледалото на подот и тоа се скршило на десетици и стотици парчиња. Потоа му рекол на човекот: „Погледни долу, колку ликови гледаш сега?“
„Навистина, гледам стотици и стотици ликови“ – одговорил човекот и не прашал повеќе ништо.




Коментари

[fbcomments]