Категории

За време на месечниот циклус, секоја жена треба да ги избегнува овие намирници!

Оние денови во месецот кои се самите по себе непријатни, сигурно не сакате да ги направите уште потешки. Но, веројатно тоа го правите несвесно.

Имено, стручњаците тврдат дека постојат одредени намирници кои можат негативно да влијаат на вашата физичка, но и психичка состојба за време на менструацијата. За кои намирници станува збор откријте во продолжение и обидете се да ги избегнувате или барем помалку да ги консумирате за времетраењето на месечниот циклус.

Млечни производи

Доколку ви е тешко потполно да ги исфрлите млечните производи од исхраната, обидете се барем да ја намалите нивната консумација за време на менструацијата. Доколку некогаш сте осетиле непријатн болка во стомакот по пиењето макијато или откако сте јаделе пица со сирење, тогаш знаете како можат да делуваат млечните производи на варењето на храната, а во комбинација со менструалните грчеви тоа е уште поболно.

Шеќер

Чоколадото за многу жени претставува утеха во текот на менструацијата, а причина за тоа се подивените хормони. Тоа доведува до голема потреба од слатки, а препуштањето на таа потреба може да доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта. Последица на тоа с уште почестите промени на расположение, напнатост, исцрпеност и зголемени грчеви.

 

 

Прегледи:
366
Објавено на:
21.06.2018