За здрав почеток на денот – 5 корисни совети

Ви наведуваме пет здрави навики кои можете лесно да ги усвоите во вашата секојдневна рутина, најдобро помеѓу будилникот и заминувањето на работа. Овие совети се едноставни, а ќе ви помогнат да биде здрави и свежи секое утро.

1.Истегнете се во креветот
Наместо денот да го започнете со жалење, започнете така што добро ќе се истегнете во креветот. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата на крвта.

2.Пред појадокот испијте чаша вода со лимон
На вашето тело му е потребна вода која ќе го прочисти вашиот метаболизам така што ќе ги имате сите придобивки од храната која ја внесувате. Најдобра опција е вода со свеж лимон која ќе ја поттикне работата и варењето на храната.

3.Појадувајте здраво
Појадокот е вистински најважниот оброк во денот. Така ги осигурувате потребните калории за функционирање на телото. Нека вашиот појадок содржи овошје и зеленчук богато со витамини и протеини така што ќе ви ја даде почетната енергија која ќе ви е неопходна за работниот ден.

4.Движете го телото
Вежбањето рано наутро е еднакво како на вашето тело да сте му дале чаша физички кофеин. Ако не можете да издвоите доволно време за цела програма на вежбање, издвојте барем 10 минути кои секако ќе придонесат во раздвижувањето и циркулацијата.

5.Кажете НЕ на драгата шолја кафе
Сигурни сме дека не постои личност која може да му одолее на шолја кафе. Кофеинот рано наутро може да ја поттикне вашата енергија но може и да ве направи анксиозни и да ја зголеми фрекфенцијата на срцето. Наместо тоа, започнувајте го денот со чај од билки.




Коментари

[fbcomments]