За животната радост морате да се погрижите самите вие

Малите нешта во нашиот ум прават голема разлика во реалноста. Вистинската радост во животот ја дава само Бог, но постои она што ние како луѓе од наша страна можеме да го направиме.

Многу луѓе животот го доживуваат како една мака. Семејството, работата и односите со другите понекога толку ги исцрпуваат што песимизмот станува единствениот став со кој чекорат низ животот.

Но од друга страна постојат луѓе кои во животот навистина уживаат. Ако малку подобро погледнеме на нивниот живот однадвор не се разликува од оној кој го живеат оние кои на него гледаат како на една трагедија. Малите нешта во нашиот ум прават голема разлика во реалноста. Вистинската радост во животот ја дава само Бог, но постои она што ние како луѓе од наша страна можеме да го направиме.

Негувајте ги односите длабоко
Површните односи со луѓето немаат сила во нашиот живот да му го дадат она потребно чувство на радост затоа што плитките разговори и тенката поврзаност исчезнуваат со самото завршување на односите. Воспоставете длабоки односи и искрено интересирајте се за луѓето и не ги сфаќајте само како површни минувачи туку како сопатници на животниот пат кои меѓусебно си го збогатуваат животите еден на друг.

Откријте ја смислата на вашиот живот
Откријте што ве исполнува додека работите. Кога работа или хоби ви причинува радост и едвај чекате миг кога ќе му се посветите. Не мора да бидат некои грандиозни нешта, најобични ситници кои ве радуваат од се срце можат да ја откријат долго скриената смисла на вашиот живот. Тргнете во авантура да го откриете она во кое вреди да го вложите вашиот живот. Тоа е тајната на вечната радост.

Смејте се и кога ви е тешко
Животниот пат нема секогаш да биде посеан со цвеќиња. Најчесто ќе почувствувате дека дури и најубавите цветови кои сте ги набрале имаат трња на себеси, а тоа е најдобрата слика на животот; она што е вредно и убаво – секогаш е поврзано со болката. Сите ние сме сведоци на тешките мигови кои ни се случуваат и прават да ни се чини дека никогаш нема да поминат, но кога ќе научиме да ги прифаќаме како дел од нашиот живот ќе сфатиме дека после дождот секогаш доаѓа сонце и само така ќе имаме сила секогаш да се смееме.

Развијте благодарност
Разликата помеѓу благодарните и неблагодарните луѓе понекогаш е во тоа што благодарните луѓе ги отвориле очите пошироко и подобро ги гледаат благословите кои го исполнуваат нивниот живот. Само треба да станете свесни дека можете да го обликувате вашиот живот онака како што сакате а тоа ќе ве одведе до неопишлива среќа. Благодарноста е навика, доколку сеуште не сте ја развиле, никогаш не е доцна.

Најдобрите нешта се случуваат кога ќе го прифатите животот онаков каков што е
Морате да прифатите дека не секогаш ќе биде по ваше. Доколку сте во состојба да го прифатите тој факт како дел од животот, тој нема повеќе да ве оптеретува и ќе уживате во се што ви се случува. Животот е непредвидлив и всушност тоа ни пружи можност да се радуваме на сите предизвици кои ни се појавуваат. Секогаш мораме да бидеме отворени кон нови искуства.




Коментари

[fbcomments]