Забавни и корисни активности за време на самоизолација

Од секоја ќе извлечете некоја поука

Факт е дека не е лесно да се навикнеме на новонастанатата состојба затоа што секој од нас пред овој тежок период имал свој друштвен живот, се движел злободно а оваа ситуација кај многумина предизвикува анксиозност и депресија.

Поради тоа, со цел да го зачуваме нашето психичко здравје и да не ни биде досадно ви донесуваме неколку забавни активности кои можете да ги правите во изолација.

Вежбање
За да бидете во форма не ви е потребна теретана. Можете да правите одлични вежби и во домашни услови. Сами го бирате вашето време и какви вежби ќе правите а можете истовремено да слушате музика на youtube. На овој начин ќе ја подобрите кондицијата на телото.

Пишување дневник
Запишувајте се што ви лежи на душа. Како се чувствувате, на што сте благодарни, што ви е најважно во животот. Поставувајте си прашања на себеси со кои конечно можете да се соочите..

Пишување книга
Преиспитајте се себеси, можеби имате некоја добра приказна која сакате да ја споделите со другите? Можеби сте смислиле некоја авантура, или сакате да споделите за тоа како корона вирусот влијае врз јавниот живот.

Научете нешто интересно
Колку брзо можете да ја кажете азбуката наназад? Колку е врела средината на Сонцето? Вежбите за мозокот се секогаш добри, а којзнае, можеби ќе можете да се подготвите за некој квиз..

Исчистете ги сите агли
Кога последен пат сте исчистиле позади креветот? А пролетта пристигна па е време за генерално пролетно чистење.

Цртање и сликање
Нацртајте нешто што гледате низ прозорецот. Можеби во вас се крие уметник а вие не сте го знаеле тоа.

Научете здрави рецепти
Сега кога веќе поминувате време дома, тоа може да ви биде прилика да научите конечно да се храните здраво. Додека сте оделе на работа сте јаделе во пекари и во сендвичари за брза храна, а сега можете да си зготвите нешто од здрави намирници за себе и за вашето семејство. Телото ќе се израдува на тоа.

Гледајте стари фотографии
Побарајте ги семејните албуми со слики. Присетувањето на детските лудории и моментите поминати со вашето семејство ќе ви го стоплат срцето а нема нити да забележите кога ви поминало времето додека сте ги разгледувале.




Коментари

[fbcomments]