Заблескајте како Анџелина Џоли: Актерката ги открива тајните на својата убавина!

Младите жени сакаат да бидат како Анџелина Џоли и постојано ја копираат нејзината шминка, стил и физички изглед. Ова се неколку совети од неа кои ќе ви помогнат да изгледате убаво!

За експериментирањето во детството

„Како дете, не бев типично девојче. Знаете, некои девојчиња често си прават фризури една на друга. Слатко е, но јас никогаш не го правев тоа. Сега е во тренд светла коса, а кога бев дете користевме посебни пенкала за косата да ни добие сјајна нијанса“.

За лекциите од својата мајка за убавината

„Секогаш кога бев вознемирена, мојата мајка ќе кажеше: Отвори ја душата за мене. Секој има свој концепт за убавина, но верувам дека најубавата работа е интелектот. Човек со јасни мисли кој знае како треба да размислува е многу секси. Не постојат поатрактивни кквалитети од промисленоста и чувствителноста. Ниедна козметика нема да сокрие празна глава и грубо срце“.

За стареењето

„Сега, кога се гледам во огледало, се повеќе и повеќе ја гледам својата мајка, а оваа сличност ме радува. Знам да стареам, и ги прифаќам овие промени. Тоа значи дека живеам и стареам. Секако, не ги сакам темните дамки по кожата и други недостатоци. Но се сакам себеси и своите години“.

За козметиката која ја користи

„Мојот главен производ за секој ден е коректорот. Се чувствувам многу поудобно кога ми е во чантата. Доколку се работи за вечерно излегување користам црвен кармин. Јас носам само една посебна нијанса на црвена боја. Имам и туш за очи во црна боја и маскара. Мојата козметичка торба е прилично досадна“.

За проблемите со кожата

„Од мојата единаесетта година периодично имам темни дамки по кожата. По бременоста, овие дамки станаа поизразени. Затоа, од време на време користам „ИПЛ третмани“.




Коментари

коментари