Заборавањето е знак за повисока интелигенција?

Дали му љубоморевте во школо на детето кое можеше се да запомни и тестовите му беа многу лесни, благодарејќи на неговата добра меморија? Сигурно сте мислеле дека ова дете е попаметно од вас, но дали сега науката вели нешто друго?

Прво добрата меморија не е показател на висока интелигенција, второ, мозокот е „програмиран“ да заборава работи, а да запомни само мал дел. Заклучокот е дека заборавањето е дел од правилното работење на мозокот.

ЗАБОРАВАЊЕТО Е ИСТО ТОЛКУ ВАЖНО КАКО И ПОМНЕЊЕТО

Според трудот  на Пол Френкленд, кој е дел од развојната програма на  CIFAR’s Child & Brain Development и  Блејк Ричардс, кој е дел од програмата Learning in Machines & Brains, нашите мозоци активно работат на заборавање.

Двата универзиети од Торонто работеле на истражување на литература поврзана со помнењето, позната како упорност, наспроти новите истражувања на заборавањето, познати како минливост. Нивниот труд објавен во Neuronдоаѓа до заклучокот дека заборавањето е исто толку важно како и помнењето.

Истражувачите велат дека целта на помнењето не е да се запомнат најточните информаии, туку со текот на времето да служат како водич и да се оптимизира знаењето во правилни одлуки, базирани на запомнетите информации.

being forgetful unusually intelligent

„Целта на помнењето е да се оптимизира носењето одлуки“ вели професорот Блејк Ричардс, „важно е мозокот да ги заборави неважните детали и да се фокусира на нештата кои ќе ни помогнат во реалноста.“

Доколку помните само делови од некој разгвор или ситуација, значи дека вашиот мозок ги заборава деталите, но создава спомени кои ви се покорисни во носењето одлуки и предвидување на иднината.

Во минатото, невробиолошките истражувања на меморијата има тенденција да се фокусираат на клеточните механизми кои се вклучени во складирање на информации, познати како упорност, но многу помалку внимание им се посветува на оние кои се вклучени во заборавањето, исто така познати како минливост.

До сега, често се претпоставуваше дека неможноста да се запамети се сведува на неуспех на механизмите кои се вклучени во складирање или отповикување на информации.

„Има многу докази од последните истражувања кои укажуваат на тоа дека има механизми кои се стремат кон заборавање, а тие се различни од оние механизми кои се насочени кон зачувување на информации.“ вели еден од авторите на трудот, Пол Френкленд.

Со други зборови, нашите мозоци активно работат на заборавање на без значајни нешта.

Но, кои се основните механизми?

Еден од овие механизми е слабеењето или елиминацијата на синаптичките врски помеѓу невроните во кои се кодирани спомените. Другиот механизам, поткрепен со докази од сопствената лабораторија на Френкленд, е создавањето на нови неврони во хипокампусот. Кога новите неврони се интегрираат во хипокампусот, новите врски ги менуваат постојните кола и ги запишуваат спомените складирани во тие кола, што ги прави потешки за пристап. Ова може да објасни зошто децата, чии хипокамци произведуваат повеќе нови неврони, забораваат толку многу информации, објаснува Science Daily.

Зошто забораваме?

Се поставува прашањето зошто нашите мозоци трошат толку многу енергија во зачувување на информации, а исто толку и во заборавање.

Според Richards има две добри причини за ова. Прво, постојаното менување на светот значи и постојан прилив на нови информации и излегување на старите „од мода“.

Втората причина зошто заборавањето е добро е тоа што ни помага да носиме подобри одлуки преку тоа што ни дозволува да ги генерализираме минатите настани и да ги поврзуваме со нови.

Во вештачката интелигенција, овој принцип се нарекува регулација и работи со создавање на едноставни компјутерски модели кои даваат приоритет на основните информации, но ги елиминираат специфичните детали при анализирање на огромни збирки на податоци, овозможувајќи поширока примена.

„Секогаш сме им се дивеле на луѓето кои поменеле разни факти од минатото, како кој победил одреден спортски натпревар пред 30 години. Всушност, поентата на меморијата е да се носат одлуки во зависност од околностите во моментот, а тоа може да се направи доколку се заборават други факти.“ вели Ричардс.




Коментари

коментари