Заборавањето не се случува преку ноќ, но потребен е само еден ден за да донесеш одлука

Потребен е само еден ден за да почнеш да живееш комплетно поинаков живот

Отпуштањето, заборавањето не се случува преку ноќ, но потребен е само еден ден за да донесеш одлука. Само еден ден за одлучиш дека не можеш повеќе да го носиш товарот кој те спречува и те успорува на твојот пат. Потребен е само еден ден за да се разбудиш и да одлучиш дека не сакаш да го чувствуваш тоа повеќе и е крајно време да превземеш нешто околу тоа.
Потребно е само едно утро да се разбудиш и да бидеш повторно старата личност пред да го доживееш сето тоа.

Отпуштањето и заборавањето не се случува преку ноќ, но потребен е само еден миг, еден миг да одлучиш дека е време да ја ослободиш болката. Потребен е само еден избор. Само еден избор те дели од промената, од нештата кои не можеш да ги поднесеш, од луѓето кои не те усреќуваат, од работата која не те задоволува и местата кои не прават да се чувствуваш како дома.
Многу малку е потребно да одлучиш дека е време да тргнеш во потрага по нешто ново, и да започенш нов живот.
Најчесто тоа е еден збор или еден чекор во спротивната насока кој те дели од комплетно поинаквиот живот.




Коментари

[fbcomments]