„Заборавената убавина“ – Видеото кое придонесе за заинтересираноста за Галичица на глобално ниво!

Ова видео е снимено пред 1 година по самоиницијативата на екипа составена од Ски Македонија и 2С Студио.

Снимано во еден ден, во тешки услови каде локациите се недостапни со возило за пренос на опремата, видеото ја прикажува зимската убавина со која располага националниот парк, можноста за зимски авантуристички туризам и уникатниот залез со езерото кој може да се долови само тука.

Видеото во изминатиот период придонесе голема заинтересираност на глобално ниво за посета на националниот парк, а воедно дечките во меѓу време се повеќе пати директно контактирани од фрирајдери од целиот свет за посета и снимање на оваа локација.

Некои од нив веќе и го посетиле паркот, а со тоа и Охрид, а последните информации говорат дека викендов имаме посетител од САД кој на мапата на фрирајд ја ставил Галичица.




Коментари

коментари