Зачинето поховано пилешко: Крцкав вкус кој не се заборава! (РЕЦЕПТ)

Подгответе го пилешкото на овој начин и уживајте во магијата на вкусот!

Состојки:

  • 50 гр брашно
  • 100 гр презла
  • 1 лимон
  • рака сечкан магдонос
  • 1 јајце
  • 4 филети пилешки прсти
  • масло

Подготовка:

  • Помешајте го брашното и презлата со половина од исечканиот магдонос и изренданата кора од лимон.
  • Во друг сад изматете ги јајцата и посолете и побиберете.
  • Пилешките гради ставете ги во смесата со презлата, па во јајцата и повторно во презлата.
  • На загреано масло, поховајте го пилешкото на мала температура, сѐ додека не добие златна боја од двете страни.
  • Послужете топло и одозгора ставете го останатиот исечкан магдонос.



Коментари

коментари