Зачини кои успешно го отстрануваат целулитот

Сега е вистинско време да се решите од „кората од портокал“

Пијте вода, движете се и користете диета која го стимулира лимфниот систем и решете се од „корите од портокал“ на бутовите и задникот – советуваат специјалистите.
Во меѓувреме последните истражувања покажаа дека три зачини се ефикасни убијци на целулитот: Рузмарин, бибер и ѓумбир.

Рузмаринот ја подобрува циркулацијата, го поттикнува варењето и добро се одразува врз мастите. Добри вести – полифенолот кој се наоѓа во рузмаринот, (исто така се нарекува рузмаринска киселина) спречува насобирање на токсините во ткивата. Покрај тоа, ја поддржува синтезата на колагенот и еластинот во ќелиите.

Биберот е зачин кој го забрзува согорувањето на мастите и не дозволува да се насоберат.

Ѓумбирот има значителна предност во борбата против целулитот а неговата способност се крие во тоа што ја подигнува телесната температура. Со еден збор, ѓумбирот го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува апетитот.




Коментари

[fbcomments]