Категории

Зајакнете го вашиот имунитет и заштитете се од вируси: Секое утро пијте го овој неверојатно здрав пијалок

Напивка за посилен имунитет и поотпорен организам! Секое утро испијте една чаша и заштитете се од вируси …

Да ги победите вирусите, да ги спречите да ве “фрлат” во кревет, важно е да го зајакнете имунитетот.

Препорачуваме да го започнете секое утро со напиток од куркума, бидејќи е исклучително здрав и хранлив, антиоксиданс, со висок антивоспалителен ефект.

Загрејте чаша вода, а потоа додадете лажичка куркума, сок од половина лимон, четвртина лажичка мед, една лажичка кокосово масло и добро измешајте.

 

По желба, ставете цимет или какао, за да го засладите пијалокот.

 

Куркумата ќе падне на дното на чашата, па затоа цело време промешувајте ја водата додека пиете, за целосно да ја искористите предноста на жолтиот прав.