Замаскирајте ја поспаноста со неколку мејкап трикови

Алармот наутро ѕвони, а вие сте легнале прилично доцна? Желни сте за уште сон, а тоа се гледа и на вашето лице. Кафето ќе ви помогне да се расоните, но вашиот изглед може да го расоните со мали трикови.

1. Ставете крема за очи

Со специјалните креми за очи, кои хидрираат и ги смируваат потечените очи, и секако со пудра, темните кругови околу очите ќе ги снема.

2. Светло моливче за очи

Светлото моливче, нанесено на внатрешната долна линија од окото, како на пример бело, беж, светло розево… веднаш ќе го разбуди вашето лице. 

3. Додај боја

Бледиот и безживотен тен може да го замаскирате со мат бронзер, нежно нанесувајќи на целото лице со четка. Со ова ќе ви се подобри тенот, а на образите додадете руменило, со мал сјај.

4. Исцртај го окото

Исцртај го горниот очен капак, а експертите препорачуваат молив за очи со кафена нијанса.

5. Последно и најважно – трепките

Извиткај ги со виткач за трепки и додај ја вашата омилена маскара.

 

 




Коментари

коментари