Замислете 5 кофи со вода: Клучот за среќа се крие во оваа едноставна вежба

Доктор Алан Шлехтер, психијатар и професор на Универзитетот во Њујорк, наведува дека клучот на среќата се крие во сосема едноставен систем. Се што треба да направите е да замислите пет кофи, од кои секоја би требало да биде барем до некаде полна.


Првата кофа содржи позитивни емоции. Наспроти тоа што стравот како емоција милиони години е неопходен за опстанокот на живите суштества, всушност позитивните емоции се она што не поврзува со другите луѓе и поради нив се чувствуваме добро.

Во втората кофа се наоѓа ангажираноста. Доколку со целиот ум и срце се внесете во активност која ве исполнува, тоа ќе има исклучително позитивно дејство врз вашето ментално здравје.

Третата кофа е резервирана за меѓучовечките односи. Најсреќните 10% од луѓето можат да се пофалат со одличните односи со околината и негувањето на тие односи.

Четвртата кофа се однесува на значењето и целта. Станува збор за она што е за вас лично многу важно, она што ви значи и она што за вас во животот има смисла.

Во петтата кофа се наоѓаат успесите и чувството на исполнетост. Потребно е секој од нас барем до некаде да се чувствува остварен доколку сака да биде среќен, без разлика дали е тоа на деловно поле, семејно, или некое трето поле.

Секогаш размислувајте за овие кофи и секогаш помслувајте колку се полни. Тоа не мора да го правите буквално секој ден, но доколку сакате да бидете среќни, потребно е барем повремено да погледнувате во нив.




Коментари

коментари