Категории

Занимливи факти за крокодилите

Крокодилите иако се опасни предатори, сепак се многу интересни и уникатни суштества. Тие немаат емоции и приврзаност, но имаат големи инстинкти. И ако нивниот инстинкт е да си го наполнат стомакот, тоа и ќе го направат, и тоа со Вас, доколку сте најблиската опција за храна. Еве неколку интересни факти:

1. Крокодилите имаат многу добар слух, толку добар што можат да ги слушнат нивните бебиња како викаат од внатрешноста на јајцата.

2. Имаат резервен заб којшто се наоѓа под надворешниот.

3. Ширум светот се проценува дека крокодилите убиваат околку 1000 луѓе годишно.

4. Тие можат да го задржат здивот под вода повеќе од 1 час.

5. Крокодилите можат да спијат со едно око широко отворено.

 

Прегледи:
360
Објавено на:
26.10.2022