Запловете во Новата Година на „Бродот на среќата“ кој истовремено ви нуди две сосема различни забави

Зад нас е уште една година, а со неа завршува уште едно поглавје испишано со многу магични мигови, успеси, падови, подеми. Во пресрет на Новата Година, на секоја улица се чувствува празничната еуфорија и сѐ е во знакот на најубавиот период од годината.

Доаѓа новата година исполнета со нови предизвици, па токму поради тоа особено е важно да ја дочекаме на вистински начин, со многу музика, пријатно друштво и одлична атмосфера.

Помеѓу многубројните понуди за Нова Година, „Бродот на среќата“ нуди нешто поразлично- забава во која секој ќе може да го пронајде своето место. Всушност, на едно место истовремено ќе се одвиваат две забави, два различни концепти кои ќе понудат квалитетна музика и одлична атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coffee bar & Event center (@srekja.cafe) on


Имено, на првиот спрат на „Бродот на среќата“ ќе ве пречекаат латино звуците надополнети со совршените движења на Танцовиот клуб„Desiree“ кои ќе се погрижат да поминете незаборавна ноќ со многу танцување, позитивна енергија и насмеани весели луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coffee bar & Event center (@srekja.cafe) on


Капацитетот на „Бродот на среќата“ овозможува забавата да продолжи и на второто ниво, односно на вториот спрат каде што ќе ве очекува една сосема поинаква забава и одлична атмосфера за која ќе се погрижи бендот „Marshall Tito“ изведувајќи ги познатите поп, рок, македонски и екс ју хитови.

Со избирањето на „Бродот на среќата“ како ваша дестинација за дочекување на Новата Година, избирате загарантирана забава, одлична музика, поразлична атмосфера, а вие како дел од новогодишната атмосфера и пријатниот амбиент кој го нуди оваа локација, во текот на најлудата ноќ во годината  имате можност да присуствувате на две забави истовремено.

Не губете повеќе време во смислување на идеалната дестинација за новогодишната ноќ, бидете и вие дел од „Бродот на среќата“ и овозможете си забава без ограничувања, со многу музика, танцување, познати хитови и атмосфера која ја нуди потребната магија за запловување во Новата Година.




Коментари

коментари