Започна Европската недела на спортот: Бидете дел од многубројните активности во наредните денови!

Денес, 22. септември започна Европската недела на спортот на плоштадот Македонија. Присутните можеа да уживаат во најразлични активности, прилагодени за сите возрасти, нудејќи многу забава, дружење и рекреација.


Во наредните денови, љубителите на спортот ги очекуваат уште многу активности сѐ до 30 септември. Масовно скокање на јаже, Осветли го Скопје, коќшарка, крос фит, фудбал, возење велосипеди се само дел од активностите кои следуваат.

Директорот на АМС Дарко Каевски, на отворањето на Европската недела на спортот, најави многу активности и спортски настани. Тој посочи дека има пет главни настани проследени со околу 50-тина настани што ги спроведуваат општините, кои се партнери во проектот. Тој изјави и дека очекува ваквите настани да станат пракса и на општините и на сите спортски клубови и федерации.

Александра Дичевска, национален координарот на Неделата на спортот, вели дека сите активности се од рекреативен карактер и отворени за сите граѓани.

Во продолжение ве потсетуваме на целосната агенда на спортските настани која може да ја погледнете ТУКА!




Коментари

[fbcomments]