Започнаа одморите- подгответе ја вашата домашна аптека!

При патување секогаш во тобата се пакуваат најважните работи- патните исправи, здравствената книшка, патното осигурување и лекови.
Без разлика дали патувате на море или покрај некоја река, некои производи треба да ги имате покрај себе.

Заштита од Сонце
Истражувањата покажале дека штетни ефекти на кожата имаат не само UV-A и UV-B сончевите зраци, туку и инфрацрвените IR-A зраци кои продираат во најдлабоките слоеви на кожата, доведувајќи до нејзино оштетување и предвремено стареење. Тие може да предизвикаат црвено и изгореници од Сонце, создавање на флеки, пеги и брчки. Затоа е важно да се земе соодветна крема со заштитен фактор која ќе ја заштити кожата од сите негативни ефекти и ќе овозможи пријатен одмор.

Заштита од стомачни мачнини
Пробиотиците се препарати за обновување на цревната флора. Спречуваат цревен дисбаланс кој може да настане при промени на начинот на исхрана, климатски услови или вирусни инфекции. Тие се користат превентивно 3-5 дена пред заминувањето на пат, како и за време на патот, со што би се спречиле стомачните мачнини.

Антипиретици
Лековите против покачена температура се неизоставен дел од домашната аптека која треба да ја подготвите при патување.

Аналгетици
Не заборавајте ги и лековите против болка.

Повреди
За површни рани и  исекотини потребни ви се фластер, газа, завој, средство за дезинфекција.

Не заборавајте да го понесете со себе и доброто расположение.

 




Коментари

коментари