Категории

Започнете го денот среќни и насмеани: Едноставен, но успешен рецепт!

Дали сте размислувале околу тоа како би било после толку време да имате совршен ден? Тој ден не морате да го чекате и не мора да се надевате дека ќе дојде случајно, можете и самите да го креирате. Ние ви го донесуваме наједноставниот рецепт кој менува сѐ.

Што треба да направите и од каде да започнете?

Утрото е најважниот дел од денот. Дали сте утрински тип на човек? Дали сте од оние личности кои се будат ведри, полни со енергија и насмеани? Ако не сте, тогаш тоа е во ред, можете да го научите. Навистина постојат малку луѓе кои се будат со насмевка и тоа пред алармот. Се чини дека таквите луѓе успеваат да стигнат да направат сѐ. Имаат време за утрински тренинг, за појадок со семејството, за пијалок со пријателите.. Сепак како времето поминува сфаќаме дека ни се потребни додатни часа со цел да постигнеме се. Ако ја промените утринската рутина, ќе го промените комплетниот тек на денот.

Тоа што ќе станете рано не значи дека ќе бидете свежи и весели, доколку сте уморни и ненаспани. Обидете се да легнувате порано и да спиете 8 часа. Тоа ќе влијае врз извршувањето на вашите обврски во текот на денот. Ќе ви биде потребно да се навикнете на новиот распоред но по неколку дена ќе видите значајни бенифиции.
Бирајте мека постелнина, купете си нова перцница, проветрувајте ја просторијата во која што спиете, купете ароматични мириси. Мали трикови ќе допринесат за квалитетен сон.

Како да се разбудите насмеани?

Од самиот почеток на денот треба да за почнете со креирање на својот ден. Како се прави тоа?
Бидејте сте се наспале, ќе бидете фокусирани и сконцетрирани. Ќе можете да влијаете на вашиот тек на мисли и тоа ќе допринесува полесно за донесување на одлуки. Занемарете ги вашите негативни мисли. Погледнете некое весело видео или прочитајте некој мотивационен текст кој ќе ве инспирира. Упатете си неколку убави зборови на себеси и заблагодарете се на се што имате во денешниов ден.

Немојте да го одложувате алармот. Откако ќе заѕвони, станете веднаш и почнете да се подготвувате за новиот ден. Отворете ги прозорците, подигнете ги ролетните, наместете го креветот. Потоа посветете си време на себеси за вашата утринска нега и приготвувањето на утринското кафе или чај. Заборавете на телефонот и мејловите барем додека не го испиете кафето.

Разбудете се!

Сега е време за вистинско будење. Размрдајте го телото. Ако не сакате утрински тренинг, доволно е да направите неколку вежби кои ќе ви ги раздвижат мускулите. Тие можат да траат и неколку минути и тоа ќе биде сосема доволно за вашето тело да прими сигнал дека сте будни.

Потоа истуширајте се и средете се. Ако имате многу обврски, направете листа на која ќе запишите што треба да правите во текот на денот. Од сите нешта на листата, прво направете ја онаа која е најтешка. Започнете со обврските кои ви се понепријатни па завршете со оние во кои уживате. На тој начин ќе го истуркате денот и остатокот од времето ќе ви биде слободен.

Не заборавајте, секој ден може да ви биде ваков ако ги усвоите новите навики.

Прегледи:
366
Објавено на:
01.12.2021