Категории

Започнува Чорапоманијааааа…ЕКСТРА ПОПУСТИ ЗА ЕКСТРА ЧОРАПИ ВО САРА ФЕШН!

Нова досега најатрактивна акција во Сара Фешн. Време е да ја надополните вашата шарена колекција на чорапчиња во мега акцијата Чорапоманија по екстра цени и неодоливи попусти.

Во акцијата влегуваат над 300 модели на чорапи кои само сега можете да ги купите по специјални цени почнувајќи од 25 денари за пар.

Доаѓа пролетта, а со неа и нашата понуда на колоритни, шарени, или еднобојни чорапи кои го надополнуваат стилот на секој наш потрошувач. Чорапоманија е како никогаш до сега со најголема понуда и убедливо најголеми попусти! Почнувајќи од 16 март па се до 27 март, во сите наши продажни места на 64 различни локации ширум Македонија ќе можете да купувате по неверојатни попусти – велат од македонскиот бренд Сара Фешн.

Бидејќи количините се ограничени се препорачува шопингот да го направите што побрзо и да си ги одберете вашите фаворити, а доколку немате време за шопинг овие денови, топло ви препорачуваат да пазарите онлајн или преку контакт центарот на компанијата.

На нашите потрошувачи веќе подолго време им нудиме можност за екстра шопинг на интернет со бесплатна достава! Оние кои се наши верни купувачи преку е – продавницата навикнаа на додатни поволности. За сите оние кои ќе одберат чорапи или било кои други артикли со вредност над 1000 денари ќе добијат и бесплатна испорака, така што сега нашите потрошувачи можат да пазаруваат со фантастични попусти и испорака на домашна адреса, од удобноста на својот дом само со еден клик на club. Исто така на располагање за информации и директни нарачки може да не контактираат во кол – центарот на 02 32 18 388 и во порака преку Вибер и WhatsApp на 076 361 689секој работен ден од 8 до 20 часот  – нагласуваат од Сара Фешн

Побрзајте оваа Чорапоманија трае од 16 март па се до 27 овој месец, со понуда од над 300 различни комбинации на чорапи со мега попсути и неодоливи цени, почнувајќи од 25 денари за пар! Сара фешн – заедничка приказна веќе 22 години.

 

Прегледи:
134
Категории:
Животен стил
Објавено на:
16.03.2022