Категории

Започнувајте го секој ден со овие здрави навики и уживајте во промените

Сите во поголема или помала мера сме робови на своите навики.  Дневната рутина или навики ги одредуваат случувањата во денот. Од начинот на кој го започнувате својот ден така и го завршувате, важен е секој чекор и секоја ваша мисла.

Во тој поглед ви претставуваме здрави навики кои ќе го направат вашиот ден, успешен, продуктивен и недвосмислено попаметен.

Започнете го денот со појадок
Појадокот се смета за најважниот оброк во текот на денот. Меѓутоа голем број луѓе имаат обичај да го прескокнат појадокот. Тој е особено важен кога е во прашање когнитивната способност. Истражувањата покажуваат дека појадокот е во директна врска со подобрените перформанси на полето на меморијата, вниманието и бројни функции на телото. Храната за телото е и храна за мозокот.

Вежбајте јога
Имплементирањето на јогата во вашата дневна активност ќе ви донесе бројни благодети. Не само што ќе станете поопуштени и пофлексибилни туку и вашето тело ќе биде подготвено за бројни предизвици кои ги поставувате пред него. Неодамнешните истражувања покажуваат дека личностите кои редовно практикуваат јога имаат повеќе сива маса во пределот на мозокот кој е поврзан со меморијата и извршните функции.

Одморете се во текот на денот кога ви е потребно тоа
Иако за многу луѓе спиењето се смета за губење на драгоцено време, во миговите кога навистина ви треба да одморите, нема смисла да форсирате било каква друга активност. Краткиот ритуал на спиење во текот на денот му помага на мозочните виуги да се опорават и да ги сумираат впечатоците.

Занимавајте се со физичка активност
Лесна физичка активност како што е возењето на велосипед или вежби со истегнување допринесуваат во вашето тело да се зголеми нивото на допамин, односно, хормонот кој влијае на чувството на задоволство кај луѓето. После било каква физичка активност дури и онаа која можеби малку ве исцрпува ќе се чувствувате задоволно и тоа со причина.

Читајте книги
Можеби интеренетот може да ви се чини како сеопфатен простор полн со информации кои ви се потребни, тој никогаш нема да може да се мери со дробра книга. Читањето ја поттикнува мозочната активност на највисоко ниво и прави да го посматрате светот од поинаков агол.

Пронајдете време за пријателите
Осаменоста е најкраткиот пат до гаснење на човековата способност да напредува во општеството. Дружењето со пријателите е пред се добар начин да излезете од домот, да дознаете нешто ново, да се насмевнете, да ги споделите своите грижи, да бидете поддршка некому и секако да поминете квалитетно време со некој за кого се грижите.

Прегледи:
63
Објавено на:
18.10.2021