Категории

Запознајте го малиот град каде што не е дозволено да умрете

Доколку го планирате вашето следно патување, земете ја в предвид најсеверната населба во светот која се наоѓа во Норвешка. Постојат повеќе причини зошто треба да го посетите ова место: прекрасни пејзажи, поларни мечки и необично гратче каде што никому не е дозволено да умре.

Неодамнешната епидемија на антракс во Русија го потврди она што властите на норвешкото арктичко гратче Лонгир, го знаат многу одамна – дека смртта би требало да биде нелегална.

Бремените жени исто така, се советуваат да се породуваат надвор од градот. Гратчето со 2.100 жители, го донел овој необичен закон во 1950 година. Причината за тоа се крие во пермафростот, кој го спречува распаѓањето на телата во гробиштата. Тоа значи дека смртоносните вируси најверојатно „ќе преживеат“, а тоа пак претставува опасност за луѓето, но и животните кои се живи.

Во градот е забрането и чување на мачки бидејќи жителите сметаат дека тие ги вознемируваат птиците. Овде можете да видите мала црква зад која има уште помало училиште, а позадината е исполнета со снежни ридови. Црквата секогаш е отворена, а во неа можете да се послужите со кафе и колачи, разгледници и други интересни ситници за посетителите. Парите ги оставате само во садовите предвидени за нив.

Тоа, според написот, ја објаснува и епидемијата на антракс во Русија во 2016 година, кога топлотниот бран го одмрзна пермафростот (или т.н замрзната почва), што беше последица на ширење на бактериската болест од мртов елен на други елени, при што угинаа повеќе од 2.300 единки. Научниците, во лешеви на Алјаска и во Лонгир пронајдоа траги од шпанска треска, па денес смртно болните жители на оваа област одат на друго место да починат. А пак, телата на оние кои „нема да го испочитуват законот“ се погребуваат во друг град.

Единствениот исклучок е кремацијата, која ги уништува или деактивира опасните вируси. Инаку, Лонгир не е единствено место на светот кое забрани умирање. Повеќе градови во Италија и Франција имаат сличен закон, но причината за тоа е пренатрупаноста на локалните гробишта.

Прегледи:
374
Објавено на:
29.03.2018