Запознајте го Томби, мачорот кој оди во училиште во Турција

Томби оди во училиште речиси секој ден, ретко пропушта час или доцни. Тобми поголем дел од времето седи мирен на клупа или се шета без да ги вознемири соучениците, а понекогаш дремнува.

Томби не е дете, тој е мачка. Слаткиот портокалов мачор им ги освоил срцата на сите кога започнал да живее во училишниот двор во едно училиште во Измир и да ги посетува часовите, а учителката Озлем Пинар Ивасчу, објавила фотографии од него на социјалните мрежи.

 

Децата го обожаваат. Се обидуваат да не прават голема бука или да зборат гласно додека Томби спие. Децата не си одат од училиште без да му кажат чао  на Томби, а секое утро проверуваат дали има доволно храна или вода. За неговото здравје се грижи учителка која редовно го носи на вакцини и проверки.

 

Но не сите биле среќни со неговото присуство во училницата, мајката на еден ученик не се согласувала со тоа.

„Директорот на училиштето и јас, се обидовме да и објасниме дека ова е привремено. Сите други родители не подржуваат, штета е што образовниот систем не остава сами да се справуваме со каприците на родителите.“ раскажува учителката.

 

Таквата ситуација ги натерало да бараат друго решение за Томби, а набрзо нашле семејство кое го посвоило.

 

Децата се збогувале со него, му испратиле писма и цртежи.

 

Но, секако дека местото на Томби не е во друг дом, тој го сакал училиштето и децата.

Лицето кое го посвоило го вратило после неколку дена, бидејќи бил несреќен во новото семејство и не се согласувал со другата мачка.

 

Надежите на наставниците и децата се исполниле, Томби бил назад во училиштето.

За среќа, директорот на Националното образование во Измир, Омер Јаши, слушнал за приказната на Томби. Тој ги уверил дека мачката не претставува ризик за здравјето на учениците.

Конечно, Томби можел да се врати во своето училиште и да остане таму колку што сака.

„Тој е убава и добра мачка. Томби е како наше бебе. Кога учителката ни кажа дека Томби мора да замине многу плачевме. Сега сме многу среќни и возбудени што тој е повторно со нас.“ вели еден ученик.

 

 




Коментари

коментари