Запознајте ја Chiara Ferragni- најуспешната инфлуенсерка

Долго време е една од највлијателните модни блогерки, а според компанијата Launchmeters таа е и најуспешна- секако, на финансиски план.

Познатата Италијанка во текот на пролетно- летните седмици на модата кои се одржуваа во почетокот на минатата есен, преку интеракција со популарните брендови и медиуми заработила неверојатни 18.300.000 долари. Што се однесува пак до останатите лидери во модната индустрија- според Launchmetricsu брендот Ralph Lauren е далеку пред останатиот моден свет. Минатата сезона оваа модна куќа имала добивка од 38 милиони долари.

Следни на листата се брендовите Coach (27милиони), Dior (22.6 милиони) и Gucci (19.4 милиони).




Коментари

коментари