Кога е во прашање талентот, запознајте ја … Кели Бочварова!

Девојката за многу кратко време стана препознатлива на социјалните мрежи по своите уникатни уметнички цртежи, па одлучивме да ја контактираме и да дознаеме нешто повеќе за неа. 

Се викам Кели Бочварова имам 19 години и сум студент на правен факулутет-новинарство во Универзитетот “ Гоце Делчев ” во Штип. Сега за сега сум активна со пишување текстови и интервјуа во студентското списание “ Студентско ЕХО ”. Слободното време го трошам со семејството и пријателите, но и покрај тоа најчесто си уживам кога сум сама заедно со музика и кафе , не сакам многу бучава, сакам долги прошетќи, трчање и уживам кога се возам со моторор, ете тоа го правам во слободно време.

Секако да не го заборавам и најважното, а тоа е цртањето- уметноста која најмногу ме исполнува и која кажува многу за мене како личност. Цртам уште како малечка, уште кога знам за себе, едноставно таков се раѓаш и тоа доаѓа заедно со природата, секако со текот на времето талентот се надоградува, се развива и ќе се трудам и понатаму да бидам уште подобра за да се докажам и себе и своите дела, ова за мене е почеток.

 

 

 

Искрено многу не се разбирам  од овој вид уметонст, но не е се во теоријата, пред се треба  да го поседуваш талентот и  да работиш на него, тоа ми е мене најважно. Уметноста  ја доживувам како нешто многу убаво и среќен е човек кога може да ја почувствува таа убавина, да ја види, ете јас сум среќна поради тоа и затоа таа ме исполнува најмногу. Во уметноста не постојат правила, човек е во заблуда ако бара во неа совршеност, исто е и со љубовта, луѓето, па и природата, совршеноста е во несоврпеноста. Јас сакам позитивни личности насмеани, ги сакам оние што не бараат совршеност, само таквите можат да ја почувствуваат топлината и моќта на уметноста, без разлика дали е тоа глумење, правење музика, пеење, сликарство. Јас најчесто работам на портрети , без разлика дали се познати лицата или не, во секој лик што сум го нацртала сум го прикажала со допирната точка и доловената приказна на ликот, тоа е најважно во уметноста, да ја гледаш со свои очи и душа, уметноста е начин на кој ги  доживуваш нештата и пренесѕвањето во реалноста без разлика дали е тоа фотографија, цртеж, песна, музика, текст.

 

И за крај би кажала дека човекот не се раѓа учен тоа доаѓа со текот на време, но затоа се раѓа со талент. И затоа моето мото е: Се што ќе создадеш е твое, на крајот само тоа и ќе ти остане.

Кели ни најави дека набрзо ќе ја има и својата прва изложба, па ќе ве известиме навремено за настанот.




Коментари

коментари