Категории

Запознајте ја новата опсесија на Инстaграм – Instaception

Приказната зад Instaception започна како интересна идеја која се претвори во вистински инста предизвик. Идејата ја започна австралискиот шминкер со прекар domm.ski, кој ја постави својата фотографија со оваа интересна интервенција на лицето.

Instaception фотографија се прави на следен начин: само еден дел од лицето треба да биде нашминкан, и тоа на начин да изгледа како интраграмски пост – со рамка. Значи, урамениот дел е совршено нашминкан, додека остатокот од лицето е е неутрален, без шминка. Со оставање на остатокот од лицето ненашминкан се нагласува pop-up ефектот, што го има инстаграмот, поради што ја стекна светската слава. Instacepion е, пред сè, добра забава.