Запознајте се со убавините на Салса танцот: Салса туторијал за почетници од Танцовиот клуб Дезире!

Изминатава декада латино танците станаа актуелни како на светско ниво, така и кај нас. Потврда за ова се многубројните забави организирани во нашиот главен град. Една од забавите која што започна да се случува уште кон крајот на 2018-тата, создаде своја среќна приказна која продолжува и во 2019-та на „Бродот на среќата“ во соработка помеѓу Танцовиот Клуб Дезире и тимот на среќа.мк.


Секоја сабота сведоци сме на безброј насмевки предизвикани од позитивните вибрации при уживањето во латино звуците, дружење, забава и споделување среќа и радост преку танцот. Сета таа енергија создадена од љубов и од луѓето кои имаат желба да ја искажат низ играње, даде инспирација да се направи првиот Салса туториал за почетници во Македонија.

Ова видео изработено од Иван Јованов и Катерина Спасова ќе ви овозможи одблиску да се запознаете со Салса танцот, преку симулација и стручно објаснување на основните чекори и ќе ви даде една поинаква слика за латино танците. Овој туториал е само почеток на низа нови видеа кои ќе ви ги понудат овие млади луѓе, а вие имате можност директно да им се обратите на лесно препознатливата локација, во Капиштец, наспроти ТЦ Зебра или да ги заследите на ФБ, Инстаграм, а од неодамна и на ЈуТјуб каналот.

Ве покануваме на некоја од нашите следни забави, секоја сабота и одблиску да се запознаете со магијата на Латино танците и дечките од Танцовиот Клуб Дезире.




Коментари

коментари