Категории

Запрашај се себеси – Дали живееше денес?

Дали издвои време за да направиш нешто кое ќе те подобри како човек, нешто поради кое си се почувствувал горд и благодарен?
Дали денес направи нешто кое ќе донесе промена? Макар и мала но промена која му е потребна на светот? 

Дали живееше денес? Дали ги исполни своите гради со воздух и почувствува еуфорична среќа што си денес жив, што си здрав и имаш се што ти е потребно?
Дали си кажа на себеси нешто позитивно? Дали беше љубезен спрема себеси?
Дали некому му го направи денот посебен? Дали некому му кажа дека си среќен што е во твојот живот и што го имаш покрај себе? Дали некому му го исполни животот со ведрина и надеж, дали помогна некому на кого му била потребна помош? Дали се однесуваше нежно спрема природата, спрема животните на улица? Дали некому беше причина да продолжи да верува дека сеуште постои добрина?
Дали денес некому му посака пријатен ден, дали некому му упати мал комплимент?
Дали издвои време за да направиш нешто кое ќе те подобри како човек, нешто поради кое си се почувствувал горд и благодарен?
Дали денес направи нешто кое ќе донесе промена? Макар и мала но промена која му е потребна на светот?
Или беше толку преокупиран со тоа да оствариш поголема добивка, да напредуваш повисоко на работата, да изгледаш подобро во очите на другите, да ја обезбедиш најновата гардероба, да присуствуваш на местата каде што ќе бидеш виден..
Ако тоа е твојот ден и сметаш дека бил доста продуктивен и успешен, се лажеш – ти не си живеел, само си преживеал!

Прегледи:
50
Објавено на:
26.06.2020