Заробените во омраза нема никогаш да пораснат

Немојте да бидете лоши луѓе. Немојте да бидете расипани, да подметнувате, оговарате. Немојте да бидете толку ефтини да ги продавате оние кои ги гледате во очи за нешто кое ќе ве зголеми во туѓите, нема да успеете, само ќе станете уште поситни. 

Ќе си дозволам на себеси да кажам неколку нешта. Не, нема да бидат пристојни нити човечки.
Немојте да бидете лоши луѓе. Немојте да бидете расипани, да подметнувате, оговарате. Немојте да бидете толку ефтини да ги продавате оние кои ги гледате во очи за нешто кое ќе ве зголеми во туѓите, нема да успеете, само ќе станете уште поситни.

Немојте да подметнувате нга за да стоите поисправено. Тоа не е чесна победа, никогаш нема да биде слатка.
Немојте да си играте со животот и егзистенцијата на семејствата.
Немојте да влијаете на нечии мајки или татковци да останат без работа така што ќе го раскажете најновиот траг. Немојте затоа што нема да ве направи подобри.

Секој ден омразата станува се поголема, побесна.
Ги мразите оние кои имаат повеќе од вас. Ги мразите оние кои се поубави. Оние кои се послаби, посреќни.

Живеете заробени во омраза, спрема оние кои го игнорираат вашето постоење. А и кога ви се обраќаат тоа не го прават од омраза.

Ние сме лоши луѓе. Колеги. Пријатели. Браќа и сестри.
Пораснете. Станете поголеми од оговарањето и забивањето на нож во грбот.
Оние кои се заробени во омразата никогаш не пораснуваат затоа што за себе избрале да бидат мали. Тоа е нивниот максимум. Но не и ваш. Немојте да дозволите тоа да биде ваша цел.
Не дозволувајте да останете мали. Вие бирате што ќе станете.

Превземено




Коментари

[fbcomments]