Категории

Заштитете се себеси и најблиските: Нарачајте ја вашата омилена храна преку бесконтактната достава на Кликни Јади

Деновиве не постои човек кој не е засегнат од вонредната состојба поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, а она што може да го направиме во моментов е да се заштитиме што подобро, да останеме во нашите домови и да ја препуштиме грижата околу храната на најдобрите.

Токму затоа, Кликни Јади ги преземаа сите потребни мерки да излезат во пресрет на сите граѓани на Скопје кога станува збор за доставата на храна, обезбедувајќи им брза, бесплатна и безбедна достава до домовите.

Кликни Јади нуди бесплатна испорака за рестораните кои се во вашата населба и намалена цена на испораките за достава од сите други ресторани! Вкусната храна сега уште подостапна, брзо и лесно, до вашата адреса со само еден клик!

Откако ќе ја направите посакуваната нарачка, имате можност за неа да платите онлајн, а храната која сте ја одбрале и нарачале од Кликни Јади ќе ви биде доставена пред надворешната врата, во специјалното и безбедно пакување. Доколку не сте во можност да платите електронски, тоа може да го сторите и пред врата, а за сите нарачки од ресторани кои ви се блиску, доставата е бесплатна, додека за останатите, цената на надоместокот за носење е намален за 60%.

Доставувачите на Кликни Јади ги следат сите упатства и се потполно заштитени при доставата на храната, носејќи заштитни ракавици и маски сѐ со цел во ниеден момент да не го загрозат своето здравје, ниту пак здравјето на потрошувачите. Токму затоа и се инсистира на зголемување на таканаречената бесконтактна достава. Секој сега може да плати електронски и ги охрабруваме луѓето да го прават тоа.

Да се избориме заедно за наше добро – не дозволувајте на било каков начин да го загрозите здравјето на вас и вашите најблиски. Кликни Јади ви стои на располагање да ја добиете посакуваната храна во секој момент соработувајќи со 130 ресторани низ градот чиј број постојано се зголемува.

Останете совесни, чувајте се и уживајте и понатаму во вашиот омилен оброк на сигурен и бесконтактен начин користејќи ги услугите на Кликни Јади!