Категории

Застани девојко! Јас ќе ти ја кажам вистината!

Ти си вештачка а јас сум природна.

Поминуваш покрај мене со крената глава и се правиш како да си од Париз.

Одиш по патеката и се кршиш.

Што се мислиш девојко?

Заборави ли што беше до вчера? Заборави ли каква беше? Заборави ли која бев јас? Ја заборави ли личноста која што секогаш ти даваше најубави совети?

Знам,заборави се! Уште малку и самата ќе се заборавиш.

Се правиш глупава на сосем здрав мозок.

Ама да заборавив. Сега си богата, сега имаш совршен дечко каков што посакуваше уште од кога беше малечка.

Сега не си повеќе ти. Сега си друга личност.

Ама никогаш не заборавај дека ЖИВОТОТ Е КРУГ  и дека постојано се врти.

Денес можеби си богата, ама утре може да биде поинаку.

Мислиш дека си совршена, мислиш дека си девојка без мана.

Всушност, мислиш дека си некоја и нешто а всушност си НИКОЈА И НИШТО.

Застани девојко! Јас ќе ти ја кажам вистината!

Ти не си ни совршена а не си ни девојка без мана.

Ти си суштество кое што е вештачко од глава до пети и си личност која што не е задоволна со тоа што го има!

А јас сум само девојче кое што е природно и задоволно од тоа што го има!

Ти никогаш нема да се смениш.

Ти остануваш да го живееш тој живот.

Живеј го, само пази да не ти се стопи.

Затоа што ЖИВОТОТ Е СЛАДОЛЕД.

Георгина Ристеска
Прегледи:
449
Објавено на:
19.01.2016