Дали сте зависни од шминкање?

 

Шминката нам толку многу ни користи и не прави да изгледаме поубави, дури и неретко претеруваме, па без неа како да не можеме да одиме никаде. Сега можете да проверите дали сте вие зависник од шминкање.

Ако имате во резерва уште две потполно нови и неотворени шишенца пудра, за секој случај. За црните денови сте спремиле резерва коректори и тоа еден течен за подочниците, и во стик за други неправилности.

Кога ќе излезете во продавница наутро, иако едвај очи сте отвориле, веќе сте успеале да ставите малку пудра, течна или во прав и само малку маскара. Па добро и малку руменило.

Пријателката ве замолила да излезете пред зграда на пет минути. За минута си спремна, си нанела малку тонирана крема, специјално спремена за итни случаеви. Она е сигурно нашминкана, нема сигурно да си дозволиш да те гледа како да си болна.

Треба да преспиете кај дечкото. Нема проблем. Сте го наместиле алармот, сте подесиле на вибрации за тој да не го слушне и наутро пред тој да се разбуди, одите до тоалетот малку да се дотерате. Нема сигурно наутро да се разбуди покрај страшило и да се прашува што се случило со онаа девојка која што бил со неа минатата вечер.


тагови


Коментари

коментари