Категории

Завршуваат женските празници: Денеска е Света Петка Трнова- постои едно верување кое треба да се почитува

Во православниот календар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност.

Првата е Света Петка – Римјанка, втората Света Петка од Иконија и третата Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа.

Денешниот ден се почитува кај народот иако не е обележан со црвени букви. Овој ден го завршува „циклусот женски празници“ во кои спаѓаат Огнена и Блажена Марија.

На овој ден се избегнуваат сите потешки работи низ дома и на поле.

Нашите баби верувале дека на денешниот ден никако не е убаво да се меси леб, да се пере, да се фрла пепел или да се прави било што од рачни работи, за на жените во текот на годината не им трнат рацете.

Прегледи:
446
Објавено на:
08.08.2017