Категории

Здрав рецепт за колачи: Кошнички со јагоди

Во овој здрав десерт кој брзо се приготвува, вкусот на јагодите доаѓа до полн израз …

Состојки за подлогата:

  • десетина урми
  • 120 гр мелени бадеми

За полнење:

  • 1 поголема или 2 помали банани
  • малку сок од лимон
  • јагоди

 

Подготовка:

За подлогата, изчистете ги семките од урмите и исечете ги на поголеми парчиња (ако се тврди, оставете ги да одстојат во вода околу 15 минути па исцедете ги). Ставете ги во сад и матете со миксер па додадете ги мелените бадеми. Убаво изматете за да добиете компактна смеса која ќе можете да ја обликувате. Ако смесата е премногу леплива, додадете уште малку мелени бадеми.

Од смесата обликувајте кошнички со малку подигнати рабови. За полнење бананата исечете ја на парчиња и изрендајте сок од лимон и изгмечете со вилушка. Смесата ставете ја врз кошничките па врз неа ставете ги јагодите.

Прегледи:
654
Објавено на:
02.11.2019