Здрави колачи: Интегрални слатки бомбици од кокос и банана (РЕЦЕПТ)

Овие одлични бомбици можете да ги направите без никакви засладувачи!

Состојки:

  • 3 средни банани (зрели)
  • 100 гр. кокосово брашно + 50 гр. за да се извалкаат бомбиците
  • природен засладувач по вкус
  • 300 гр. мелен интегрален бисквит
  • арома по желба

 

Подготовка:

Изгмечете ги бананите, додадете го засладувачот, кокосот и бисквитите. Не треба да ги додадете сите бисквити наеднаш бидејќи некои апсорбираат повеќе течност, а некои не. Формирајте мали топчиња и секоја бомбица истркалајте ја во кокос. Пријатно.




Коментари

[fbcomments]