Категории

Здрави и вкусни лазањи со тиквички

Феноменален начин како да го замаскирате здравиот оброк кој веруваме дека вашите деца ќе го обожаваат.

Три слоја тиквички, бешамел сос, моцарела, пармезан и доматен сос ќе го дадат совршениот вкус. Па зошто да не ја внесете магијата на Италија во својот дом.

Состојки:

  • 1 килограм тиквички
  • 200 грама доматен сос
  • 300 грама моцарела
  • 2 лажица брашно
  • 70 грама путер
  • ½ литар млеко
  • 3 лажици пармезан
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на ленти од половина сантиметар и наредете ги во тавчето за лазањи. Попрскајте ги со маслиново масло и со малку сол и ставете ги во рерна на 200 степени 15 минути.

За филот направете бешамел сос. Ставете 70 грама путер на среден оган додека да се стопи. Тргнете го од огнот, додајте му малку брашно (2 лажици) и мешајте. Внимавајте само да не ви се направат грутки и полека додадете ладно млеко и продолжете да мешате. Ставете сол и бибер.

Во ново тавче, ставете малку маслиново масло и наредете ги испечените тиквички толку колку да го покриете целото дно.

Потоа врз наредените тиквички со лажица нанесете малку доматен сос. Потоа наредете моцарела во тенки кругови, малку пармезан и бешамел сос (тој треба да ви биде густ како тесто за палачинки).

Потоа продолжете со следниот ред тиквички и сите останати состојки, се додека имате.

Кога е се готово ставете ја тавата во рерна уште 15 минути. И тоа е тоа, чекајте само смесата убаво да порумени и имајте добар апетит!

Прегледи:
267
Објавено на:
23.05.2016