Здравствени причини кои можат да предизвикаат опаѓање на коса

Косата е еден од клучните аспекти во изгледот на луѓето, па од таа причина таа е често чувствителна тема и исклучително важна. 

Косата е исклучително чувствителна, затоа и треба посебна нега и грижа. Клетките на косата се втори по брзината на раст во телото, после оние на коскената срцевина, па затоа косата е прва која е чувствителна на стресогените реакции и може да предупреди на симптоми на некои заболувања.​

Нормално е во одредени периоди таа да опаѓа, тоа го препишуваме на промената не сезоната и природната регенерација на косата. Но, што кога тоа е постојано и во голем обем? Ова се здравстеви причини чија последица знае да биде опаѓање на косата. 

Стрес​

Стресот може да предизвика губиток на коса, а таа состојба се нарекува телоген ефлувиум. Косата влегува во состојба на мирување предвреме. Хроничниот стрес исто така може да ја забрза работата на имунолошкиот систем па леукоцитите ги напаѓаат фоликулите на косата. Освен тоа, стресот е поврзан со шок, кој предизвикува специфичен губиток на коса, таканаречена алопеција.​

Лекови​

Одредени видови на лекови, бета блокерите на пример, кои се употребуваат за висок крвен притисок, антикоагулантите за разредување на крвта, антидепресивите и нестероидните антинфламаторни лекови може да предизвикаат опаѓање на косата.​

Недостаток на железо​

Кај пременопаузални жени, недостатокот на железото е најчестата причина за губиток на коса. Овој проблем може да биде испровоциран и од целијакиа- интолеранција на глутен, која влијае на способноста на цревните ресички правилно да ја апсорбираат храната, па телото страда од недостаток на важни минерали, меѓу кои и железо.​


Полицистични јајници​

Втора најчеста причина за губток на коса кај пременопаузалните жени е синдромот на полицистични јајници, што резултира со прекумерно создавање на тестостерон. Тоа може да предизвика претерана влакнатост, но и губиток на коса.​

Кожни болести​

Pytiriasis aminatacea може да предизвика губиток на коса. Болеста е слична на псоријаза, а екцемот се наоѓа на темето, па косата поради лупењето на кожата опаѓа. Меѓутоа, со правилно лекување може да се спречи проблемот.​

Диети​

Нискиот внес на јаглени хидрати може да наштети на квалитетот на косата и да го потикне нејзиното опаѓање, поради недостаток на енергија, односно калории и шеќери. Може да јадете колку што сакате протеини, но без енергија, Вашата коса ќе пати.​

Проблеми со штитната жлезда​

Хипо или хиперфункцијата на тироидеата може да биде причина за опаѓање на косата. Овој проблем е чест кај луѓето кај кои веќе постои историја на болеста или кај жени кои тукушто родиле. Косата после 3 месеци мирување започнува да паѓа, но кај луѓето кои имаат проблем со штитната жлезда, косата опаѓа после неколку недели.​

Контрацептивни пилули​

Прогестеронот од контрацептивните пилули може да се однесува како машкиот хормон, тестостерон, и како таков да се одрази на косата. ​ Сите орални контрацептиви содржат прогестагени, синтетски хормони кои на природниот прогестерон делуваат на тој начин што го спречуваат оплодувањето на јајце клетката.

Прекумерна тежина​

Високото ниво на инсулинот кај жените може да предизвика високо ниво на тестостерон и да го зголеми ризикот од ќелавост. Прекумерната телесна тежина исто така може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2.​




Коментари

[fbcomments]