Земја со 6 годишни времиња, 1.600 јазици и плаќање со пластичен отпад наместо пари: Запознајте ја Индија!

Со дури 1.600 јазици и шестина од светската популација, Индија е сѐ само не обична земја. Разновидниот пејзаж, автентичната кујна и временските услови создаваат чувство дека некои делови од земјата се наоѓаат во сосема друга држава.

Ова се 14 факти поради кои Индија е посебна земја!

1. Цел свет има 4 годишни времиња, Индија има 6!

Традиционалниот индиски календар има шест годишни времиња:

Пролет: Од средина на февруари до средина на април

Лето: Од средина на април до средина на јуни

Монсун: Од средина на јуни до средина на август

Есен: Од средина на август до средина на октомври

Зимска вечер: Од средина на октомври до средина на декември

Зима: Од средина на декември до средина на февруари

2. Во светот постојат околу 8 илјади јазици, а дури 1.600 од нив се зборуваат само во Индија

Во поголемиот дел од земјите се говори еден, два или три јазици, но во Индија дури 1.600, од кои 122 се класифицирани како официјални јазици. Постојат повеќе од 30 мајчини јазици, но ако сте планирале да ја посетите Индија,, не грижете се – речиси сите зборуваат и англиски! Она што е најинтересно е фактот дека и покрај толку многу јазици, Индија нема национален јазик!

3. Постојат факултети кои наместо пари за школарина примаат пластичен отпад

Овој потег не само што го олеснува студирањето на студентите од финансиски аспект, туку и помага да се намали количината на пластика која завршува во природата.

4. Во целиот свет има сѐ помалку зеленило, а во Индија сѐ повеќе

Во последните 20 години дојде до масовно намалување на зелените површини во светот. Од друга страна во Индија има сѐ повеќе зеленило, соопштила НАСА. Тајната е во масовното садење на дрвја во 2017. година, кога го срушила рекордот со 66 милиони засадени стебла за само 12 часа!

5. Мажите се прегрнуваат и држат за рака

Во Индија е сосема нормално двајца мажи кои само што се запознале да се прегрнат. Исто така, сосема е вообичаено двајца машки пријатели да шетаат држејќи се за рака.

6. Бројот на луѓе кои патуваат со индустриската железница е еднаков на бројот на жители во Австралија

Иако е познато дека Индија е втора земја во светот по бројот на жители, за некои луѓе е тешко да замислат колку е всушност голем тој број Станува збор за 1.345.760.000 жители.

7. Сѐ е евтино

Во Индија можете да си дозволите сѐ. Кафето чини 20 центи, обилен оброк најмногу 5 долаари. Ноќ во хотел чини помалку од 15 долари, а градскиот превоз е најевтин во светот.

8. Зошто Индијците секогаш климаат со главата?

Климањето со глава значи и ДА и НЕ, но климањето се разликува во различни делови на земјата. Всушност, мора да живеете во одреден дел од земјата за да го разберете нивниот таен јазик со климање на глава.

9. Игра која се почитува како религијата

Крикетот се игра и гледа како нешто божествено. Индијците страствено слават кога нивниот тим ќе победи, а плачат кога ќе загуби.

10. Во тоалетите нема тоалетна хартија

Индијците преферираат миење на интимните делови по употреба на тоалетот, па наместо хартија во секој индиски тоалет ќе забележите мала кофа и пешкир.

11. Банките не ги заклучуваат влезните врати

Во градот Шани Шингапур, познат по бројните храмови, жителите немаат врата во домовите, а ако имаат, не ги заклучуваат. Тоа е така поради тоа што сметаат дека се заштитени од самиот Бог. Градот првата банка ја добил во 2011. година и таа исто така не се заклучува.

12. Земја со преубави луѓе

Дали знаете дека најголем дел од победничките на иззборите за Мис на светот се од Индија? Дури шест пати титулата ја добила девојка од Индија, што не и успеало на ниедна друга земја во светот.




Коментари

коментари