Често гледаме фотографии од породувања, но сите тие се од друг агол, од агол на таткото, роднините, медицинскиот персонал, а речиси никогаш не го гледаме тоа од перспектива на мајката.
Lisa Robinson-Ward е фотограф од Калифорнија, иако вообичаено фотографира свадби, сепак таа имала желба да го овековечи моментот на раѓањето на нејзината ќерка.
Вели дека со помош на одличниот анестезиолог и епидурална анестезија успеала да ја поднесе болката и да се фокусира за да фотографира, а повеќе фотографии може да видите на нејзиниот сајт.
Раскажува како не очекувала се да испадне така совршено и среќна е што нејзината ќерка Анора ќе ги има овие фотографии, но за нејзе омилена фотографија е моментот кога нејзиниот сопруг ја гледа нивната ќеркичка за прв пат, фотографијата е исполнета со емоции.