Категории

Жена спасила слонче од смрт и сега се најдобри пријатели

Малото слонче Мојо било спасено од сигурна смрт додека за малку не се удавило преминувајќи река во Зимбабве. Нејзиниот спасител Рокси и таа сега се надјобри пријатели.

Во 2016 бебе-слонче по име Мојо за малку ќе се удавело откако се одделило од своето стадо преминувајќи река во Зимбабве. Тоа беше успешно спасено и згрижено во здружение кое го водела Рокси Данквертс.

Wild is life здружението за заштита на животни има специјален оддел за слонови. Мојо беше една од нивните најмлади спасени животни, тежела само 56 килограми наместо 90 килограми како што е нормално за еден од нивната раса. Слабото бебе било исплашено и болно кога Рокси го пронашла. Во почетокот таа поминувала по цело денови со малата Мојо, дури и спиела покрај неа за да добие нејзината доверба.

Од тогаш тие се неразделни пријатели. Мојо ја следи Рокси каде и да оди. Мојо е сега веќе пораснато слонче кое успеа да го преброди стравот од пливање. Таа исто така е водич на останатите спасени слонови кои престојуваат во здружението.

Прегледи:
636