Категории

Жената е незапирлива кога престанува да им удоволува на сите

Секоја жена треба да знае да каже: „Моето постоење на овој свет не е да бидам на секому се, туку бидам на себеси – се.“

Живееме во општество кое има големи очекувања од жената. Иако ние жените имаме тенденција да ги исполнуваме потребите, желбите и очекувањата на другите, во сето тоа забораваме на она најважното: да ги исполнуваме сопствените потреби, желби и очекувања.

Секоја жена треба да знае да каже: „Моето постоење на овој свет не е да бидам на секому се, туку бидам на себеси – се.“

Зошто? Затоа што не постои личност во историјата на човештвото која успеала да ги исполни сите очекувања, потреби и молби на другите. Кој се обидел добро знае колку макотрпен и безуспешен е тој процес. И на крајот во обидувањето на им се удоволи на другите, таа го губи сето свое животно време и нергија кои можела да ги искористи за нешто подобро.

Зошто е важно да си бидете се на себеси?
Затоа што во човечкиот живот најважна е самоактуелизацијата – да се оствариме како личности, да живееме со полна плуќа за својата цел, да чекориме по патот на својата мисија и да негуваме јасна визија. Само тогаш ќе сме потполни и вистински свои и среќни, и како такви можеме да им помогнеме на другите и да го промениме овој свет и да го направиме подобар.

„Музичарот мора да создава музика, сликарот мора да слика, поетот мора да пишува за да пронајде мир. она што човекот може да биде, тој мора да биде“ – Абрахам Маслоу.

Прегледи:
465
Објавено на:
17.06.2020