Категории

Жената која живее три века: Италијанката Ема Морано го прослави 117 роденден, последен човек роден во 19 век

Италијанката Ема Морано, во вторник наполни 117 години, воедно таа е последен човек на планетата за која се знае дека е родена во 19 век.

30oldestwoman-master768-696x452

Виталната и брборлива старица е родена на 29 ноември 1899 година во градчето Цивиаско во Пиемонт уште во времето на владеење на Умберто I.

Минатиот месец откри дека тајната на нејзината долговечност е во избегнувањето на вообичаените лекарски совети.

„Секојдневно јадам по три јајца и тоа е тоа. И кекси, но не можам многу да изедам затоа што немам заби“, реч Морано во интервју за AFP инатата недела.

На комодата во нејзината соба во северниот италијански град Вербаниа, со гордост е истакната потврдата од Гинисовата книга на рекорди според која официјално е најстарата жена на светот.

Во нејзина чест оваа година во градскиот театар премиерно ќе се изведе биографската музичка претстава под име „Жената која живеење во три века“.

Извор: Макфакс

Прегледи:
322
Објавено на:
30.11.2016