Категории

Жената родена во овој хороскопски знак не зависи од никого – Таа е родена да биде незапирлива

Удира гром, небото се расчистува и таа се појавува – со цвет во косата и мали тиркизни бисерчиња нанижани околу нејзиниот зглоб. Нејзината долга сукња се вее на ветрот, а таа го вдишува воздухот и е спремна за нова победа.

Чувствува како светот е отворен за неа, сочен и полн со можности, баш на начинот на кој таа го сака. Се смее гласно и потскокнува додека чекори по улица. Таа е потполно безгрижна додека ги држи конците на судбината во нејзините нежни раце.

Таа е жената Водолија.

Таа е друштвена пеперутка и осамен волк. Таа е алтруист и бунтовник без причина. Таа е луд научник и вибрирачка топка на емоционалниот хаос. Живее во својата глава и има огромно срце. Таа е врела, таа е студена. Таа е бесна, тврдоглава, силна и незапирлива. Таа е светна и прозрачна.

Таа плени со својата енергија, како молња, торнадо, силен импулс на електромагнетската енергија. Таа може да се промени во потполност за дел од секунда, да ги покаже своите необични крилја и да прелета преку ветрот. Никој не може да се осуди да мисли дека ја поседува или дека може да ја задржи. Таа никогаш нема да остане во кафезот на животот, дури и ако мора да се бори тешко за својата слобода.

Таа ќе излезе надвор и ќе танцува додека солзите капат по нејзините образи и по нејзиниот цветен фустан. Ги затвора очите и се препушта. Таа не се плаши од самотијата и тргнува во соло авантура. Таа е мудра жена, таинствено создание, интригантна фатаморгана, постојано во движење, секогаш толку недостижна.

Прегледи:
393
Објавено на:
07.01.2020