Категории

ЖЕНАТА ШТО „ПРЕМНОГУ САКА“ ЌЕ ТИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ ПРЕКУ НОЌ

Постојат илјадници причини поради кои жените кои „сакаат многу“ можат да бидат најдобрите партнерки за врска и за брак.

Во прилог издвојуваме 10 причини кои поради односот со ваква жена ќе ви ја смени перспективата за многу нешта, вклучувајќи го тука и начинот на кој ја гледате љубовта.

Ќе ти го смени животот преку ноќ

Таа те сака и таа го сака животот. Што може да биде попозитивно од тоа? Нејзината љубов и посветеност може да те направат подобар човек преку ноќ, но само ако дозволиш. Благодарение на фактот што некој се грижи за тебе, ќе научиш како повторно да се пронајдеш себе си.

Ќе заборавиш на сè што те повредува

Кога покрај себе имаш жена која безрезервно те сака, многу полесно ќе заборавиш на сите лоши врски и негативни искуства, кои си ги имал претходно. Не затоа што таа ќе те натера, туку затоа што за прв пат ќе се чувствуваш многу добро во сопствена кожа и ќе му се предадеш на тоа чувство.

Ќе научиш да сакаш

И тоа не делумно, не површно, туку со вистинска емоција. На моменти дури ќе се прашуваш како си дошол до оваа фаза на „омекнување“, но наместо да имаш нешто против, потполно ќе уживаш во неа. И одеднаш сите оние празнини кои си ги имал до тогаш едноставно ќе се пополнат.

Нема да ти дозволи да паднеш

Жената која те сака, секогаш ќе биде покрај тебе, без разлика на тоа дали е добар или лош ден. Во добрите денови ќе се смеете заедно, а во лошите ќе си правите потпора еден на друг. Најдоброто нешто е што никогаш повеќе нема да се почувствуваш осамено.

Ќе те научи да простуваш

Жените што сакаат, знаат да простуваат. Со својот пример и тебе ќе те научи како да гледаш на нештата посмирено и да ги надминеш сите оние негативни чувства што си ги наталожил во себе со текот на времето.

Ќе ти биде лојална

Најдоброто од сè е што кога те сака искрено и недвосмислено, те цени толку многу што никогаш нема да направи нешто со што ќе те повреди. Верноста е една од нејзините најсилни страни.

Ќе ти го отвори срцето

Макар и да си бил некој кој не знае да сака и менува девојки од ден на ден, ќе научиш како да го промениш тоа и да бидеш посветен само на една жена. Ќе се осознаеш на нов начин и ќе ги засакаш дури и оние делови од себе што не ги сакаш.

Ќе се расправа со тебе, но и за тебе

Кога ќе види дека правиш нешто што не би требало да го правиш јасно и гласно ќе ти го каже тоа, но не за да те навреди туку за да те подобри. Кога другите луѓе ќе се дрзнат да те нападнат ќе биде тука да те брани, затоа што верува во тебе и тоа што си.

Нема да бега од проблеми

Секоја врска има свои подеми и падови. Ако те сака не значи дека никогаш нема да има проблеми во односот. Но, за разлика од другите жени, жената што те сака ќе те поттикне заедно да се обидете да ги решите истите, наместо едноставно да се дистанцира.

Ќе ја сака твојата „темна“ страна

Тоа се оние делови од тебе за кои и самиот имаш сомнеж. Спомените, лошите одлуки, животните грешки…Сето она од кое бегаш, за неа е сосема нормален дел од животот, што треба да се надмине. Ќе те сака со твоето минато, твоите стравови и сите нешта кои сакаш да ги заборавиш.

Прегледи:
662
Објавено на:
06.09.2016