Категории

Жената со најголема годишна заработка во светот: Што се поседува Лејди Гага!

Кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, астролозите најавија големи промени и турбулентен период. Кога станува збор за пејачката Лејди Гага, оваа година е дефинитивно нејзината најдобра година.

Стефани Џоан Анѓелина Германота, која е позната низ целиот свет под псевдонимот Лејди Гага, се занимава со уметност и изведба во текот на целиот свој живот. Таа ја започна својата кариера на четиригодишна возраст свирејќи пијано, и многумина уште тогаш ја нарекоа музичко чудо.

На 14 години, таа имала настапи во еден ноќен клуб во Њујорк, и тоа е отскочна даска за нејзиниот неверојатен успех што наскоро го доживеа.

 

Таа добивала многу големи хонорари бидејќи била приметена од познати личности кои наскоро сакале постојано да ја слушаат. Денес, во Лас Вегас таа заработува милиони. Нејзините турнеи вклучуваат најмалку 74 спектакуларни настапи, од кои секој и  носи по 1 милион долари.

 

Нејзината заработка од филмот „Градот на гревот“ во кој таа имаше главна улога ги сруши сите рекорди. Треба да се напомене дека дури и големите sвезди како Селин Дион, Елтон Џон и Бритни Спирс ретко успеваат да заработат 500.000 долари за една ноќ, но на Лејди Гага тоа и оди од рака.

 

Благодарение на филмот  „Ѕвездата се роди“  ги освои престижните награди: Греми, Оскар и Златен глобус, што ја направија уште попопуларна и побарана.

Нејзините приходи доаѓаат од многу различни страни. Таа има склучено договор со неколку компании како Барнс и Нобл, Версај, Мек, дури и Гугл Хром, и нејзина должност е да се појави во некои реклами и весници. Исто така, таа има свој парфем и линија за шминка што се продава одлично.

 

Уште во 2011 година, според нејзините приходи ја надмина легендарната Опра Винфри и се искачи на списокот на „Форбс“ на 100 најбогати познати личности. Таа сега е една од најмоќните и највлијателни sвезди во светот на шоу-бизнисот.

Од продажбата на билети од нејзините концерти, Лејди Гага заработува сума од девет бројки!

Од недвижен имот, Лејди Гага поседува раскошна вила со базен во Малибу, која во 2014 година таа ја платила 22,5 милиони долари. Вилата е распространета на скоро илјада квадратни метри, а дворот околу неа зафаќа дури 24 илјади квадратни метри!

Нејзиното богатство се проценува на 320 милиони долари, а има и луксузни автомобили и вредна колекција на накит. Едно од највредните парчиња накит што го поседува пејачката е секако 141-годишниот ѓердан Тифани со жолт дијамант, кој е еден од најдобрите и најретките скапоцените камења.

Прегледи:
501
Објавено на:
17.08.2019