Категории

Жени, ова нема да ви се допадне: Се враќа во мода најлошиот тренд од деведесеттите

Во деведесеттите години од минатиот век, големите крпени стегачи за коса беа неизоставен детал за секоја жена. Многумина сметаат дека тоа е еден од најлошите трендови од тоа време, но без разлика дали ви се допаѓа, тоа е повторно во мода.


Плишани, сатенски, металик или шарени, овие стегачи беа многу популарни. Жените не можеа да ги замислат своите фризури без овој детал.


Овие згужвани стегачи за коса не планираат да се задржат многу кратко. Доколку ги чувате старите стегачи од вашите мајки или сестри, сега е време да ги извлечете од нафталин и да бидете во чекор со модните трендови.

Прегледи:
495
Објавено на:
11.01.2018