Категории

Жени внимавајте: Науката открива дека овие мажи највеќе изневеруваат

Иако на прв поглед изгледа дека поубавите луѓе подобро поминуваат во животот, социоекономските истражувања покажуваат дека тие се далеку подобро платени, психолошките студии велат дека се посреќни во животот сепак се чини дека не е се` толку розово како што изгледа.

Во текот на еден експеримент, жените ја проценувале атрактивноста на 238 мажи врз основа на нивните фотографии од средношколските алманаси. Потоа било проверувано каков е нивниот брачен статус (дали се во брак или се разведени) 30 години откако завршиле средно училиште.

И секако, резултатите покажале дека мажите кои биле оценети како атрактивни во повеќето случаи после 30-тата година биле разведени и дека нивните бракови траеле значително пократко од браковите на оние помалку привлечни мажи.

Потоа, психолозите го пренасочиле вниманието на Холивуд, анализирајќи ги листите на IMBD и Форбс на 100 најмоќни познати личности. Конечната листа на анализираните броела 130 светски ѕвезди.

Жените сега имале задача да ги оценат познатите мажи според истите критериуми. А, потоа психолозите провериле колку од нив се развеле и зошто. И резултатите го покажале истиот образец: колку мажот е попривлечен, поголема е веројатноста дека бракот и врската ќе им пропаднат.

Сосема е логично да се задржува погледот на убавите мажи и жени. Но, она што го заклучиле психолозите за време на оваа студија е дека атрактивните луѓе се посклони кон неверство.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
293
Објавено на:
20.03.2017